Дома Фудбал „Енфилд“ ќе гори – сè е подготвено за дебито на Исак

„Енфилд“ ќе гори – сè е подготвено за дебито на Исак

Слот најави дека во среда Швеѓанецот треба да добие премиерни минути во дресот на Ливерпул.

Тренерот на Ливерпул Арне Слот го вклучи шведскиот напаѓач Александар Исак во тимот за натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите на Енфилд против мадридскиот Атлетико, во среда од 21 часот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Речиси сигурно нема да започне од почеток, но исто така е веројатно дека Исак би можел да дебитира во нашиот клуб оваа среда“, најави Слот.

Ова лето 25-годишниот Исак во рекорден трансфер според англиските услови го напушти Њукасл и премина во Ливерпул, во трансфер што вреди 150 милиони евра плус одредени бонуси. Во конфликт се раздели со Њукасл каде што не сакаше да ја продолжи кариерата. Тренираше самостојно и договорот меѓу двата клуба го дочека на самиот крај од летниот трансфер прозорец.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од „Енфилд“! Робертсон си заминува од Ливерпул, во јануари потпишува договор со нов клуб!

Најавите велат дека капитенот на репрезентацијата на Шкотска е отворен за потпишување прет…