Дома Фудбал Ендрик оди во Лига 1!?

Ендрик оди во Лига 1!?

Фудбалерот на Реал Мадрид, Ендрик, ќе го напушти клубот во зима, што претходно беше навестувано во изминативе недели.

Минаа 163 дена откако Бразилецот одигра натпревар за Реал Мадрид, а сето тоа укажува дека ова набрзо нема да се промени. Чаби Алонсо не смета на Ендрика и клубот е отворен да го испрати на позајмица во јануари.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Иако Олимпик од Марсеј беше поврзуван со него, тој моментално не е блиску до “Велодромот”, но на Франција сепак е. Фабрицио Романо попладнево објави дека Олимпик Лион започнал преговори со претставниците на Бразилецот и со Реал за позајмица до јуни 2026 година.

Младиот фудбалер доби план за тоа каде го гледа Пауло Фонсека кој наскоро ќе се врати покрај теренот откако ќе му истече деветмесечната суспензија и Ендрик е заинтересиран за сите разговори околу преселбата на “Стадионот Групама”.

Лион многу му е потребно засилување од овој вид бидејќи најпродуктивниот офанзивец на тимот, Малик Фофана, е повреден на подолг период и ќе мора да оди на операција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Интер се соочува со казна до 7 години затвор

Голманот на Интер Хосеп Мартинес е соочен со казна до седум години затвор за трагичната су…