Дома Фудбал Eндрик доби телефон да ја види снимката – веднаш помисли на Модриќ! (Видео)

Eндрик доби телефон да ја види снимката – веднаш помисли на Модриќ! (Видео)

По долго време, Ендрик започна од првата минута за Реал Мадрид и тоа беше полн погодок бидејќи токму неговиот гол го реши гостувањето кај Реал Сосиедад (0:1) во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот. По натпреварот, на Бразилецот му дадоа телефон и тој не можеше да не го спомене Лука Модриќ.

Реал Мадрид играше во среда на гостувањето кај Реал Сосиедад во првиот полуфинален натпревар на Купот на кралот и успеа да победи со 1:0 иако домашниот тим пропушташе бројни шанси.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Јунакот на Кралевите беше Ендрик кој после долго време доби шанса од првата минута што беше одличен потег на Карло Анчелоти, бидејќи младиот Бразилец на крајот ја реши играта.

Ендрик го постигна голот за победа во 19-тата минута кога му асистираше Џуд Белингам, а овој 18-годишен мајсторски го совлада голманот на Сосиедад за 0:1 што беше и конечниот резултат на овој меч.

По натпреварот, Ендрик доби големи пофалби и јасно е дека овој гол многу му значи бидејќи во текот на претходните месеци немаше многу шанси за игра, и минуваше низ тежок период.

И после мечот во Сан Себастијан, младиот Бразилец беше во центарот на вниманието и поради ситуацијата што се случи во мешаната зона.

На Ендрик му дадоа телефон за да го прегледа својот гол и да го коментира, а навивачите на Реал беа воодушевени што го спомена Лука Модриќ.

“Кога видов дека Џуд ја доби топката видов дека имам чист пат до голот. Тој испрати одличен пас, а потоа шутнав како Лука Модриќ, со надворешниот дел од стопалото. Одличен гол и одлична акција, навистина ми се допаѓа”, рече Ендрик.

Ендрик оваа сезона немаше премногу шанси за игра бидејќи главно влегуваше од клупата и на 25 натпревари собрал само 474 минути.

Сепак, успеа да постигне шест гола и да го покаже својот потенцијал. Но, неиграњето го потресе бидејќи и покрај силната конкуренција, очекуваше повеќе време на теренот, па минуваше низ тежок период претходните месеци.

Во тој период, Винициус Жуниор се истакна кој му пружи поддршка на Ендрик и дури поминуваше цели денови со него за да му помогне.

Ендрик пристигна во Реал Мадрид изминатото лето од Палмеирас, а Кралевите за него издвоиле скоро 50 милиони евра.

Се шпекулира дека следната сезона би можел да оди на позајмица доколку не сака повеќе да биде резервна опција. Но, јасно кажува дека не му смета таквата улога, иако се надева дека ќе добие повеќе шанси за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити пронајде замена за Гундоган: Гвардиола го сака еден од најдобрите фудбалери за врска

Манчестер Сити најде замена за германскиот фудбалерот од средниот ред Илкај Гундоган кој и…