Дома Фудбал Ендрик бараше од соиграчите на тренинг во Лион по 100 евра (Видео)

Ендрик бараше од соиграчите на тренинг во Лион по 100 евра (Видео)

Францускиот гигант Лион објави интересна снимка на социјалните мрежи, а во центарот на вниманието беше бразилскиот репрезентативец Ендрик.

Ендрик дојде оваа зима во Лион на позајмица од Реал Мадрид, со цел да ја „оживее“ кариерата и му оди одлично, бидејќи постигна три гола во лигата на четири натпревари и забележа една асистенција.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На самиот почеток, 19-годишникот се покажа како големо засилување за Лион, а и изгледа многу брзо стекна репутација и улога на лидер.

Бразилскиот напаѓач одлучи да ја преземе улогата на вистински капитен и јасно им порача на соиграчите дека правилата важат за сите, без исклучок, па така наплаќаше казни „на лице место“ на сите членови на клубот кои денес доцнеа на тренинг.

Како што беше наведено, Ендрик гледаше на часовникот и потоа секому кој доцнеше бараше да плати 100 евра!

Откако некои играчи задоцнија на тренингот, следеше внатрешна казна, а токму Ендрик беше тој кој инсистираше истата да се плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го надмудри Милан

Италијанскиот шампион Наполи запиша исклучително важна победа со 1:0 на домашен терен прот…