Дома Фудбал Eмотивна беше последната прес-конференција на Анчелоти: Малку фалеше Италијанецот да се расплаче (Видео)

Eмотивна беше последната прес-конференција на Анчелоти: Малку фалеше Италијанецот да се расплаче (Видео)

Карло Анчелоти ја одржа својата последна пресконференција како тренер на Реал Мадрид. Кралскиот клуб денеска официјално се збогуваше со Италијанецот, а подоцна и самиот Анчелоти ја објави својата проштална порака. Неговата и последната натпревар на Модриќ ќе се одржи во сабота против Реал Сосиедад во 16:15 часот.

Во сабота, Анчелоти ќе го води својот последна натпревар како тренер на Реал Мадрид. Анчелоти го предводеше Реал од летото 2013 до пролетта 2015, како и од летото 2021 до летото 2025. Со Реал ја освои три пати Лигата на шампионите, двапати Ла Лига, два Купа на кралевите и две клубски светски првенства.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Да, лесно се расплачувам. Ќе биде тоа ден исполнет со емоции. Ако заплачам, нема проблем. Ќе биде прекрасно, а сè ќе споделам со Модриќ… кој ми беше неверојатна поддршка во периодот што го поминавме заедно во Реал Мадрид. Тој е феноменална личност, легенда. Збогувањето заедно со него ќе биде нешто посебно, нешто прекрасно.

Имавме силна поврзаност, и на теренот и надвор од него. Многу нешта споделивме, од победи до тешки моменти. Тој е некој на кого можеш да се потпираш, кој секогаш ќе ти подаде рака. Заслужува најголема почит, и чест ми е што заедно ќе го затвориме ова поглавје.

Што мислите дека треба да се промени во тимот во блиска иднина?

Не знам, не сакам да навлагам во тие теми. Како што реков: клубот има сè што му е потребно за да биде конкурентен и следната сезона. И тоа секогаш ќе биде целта на Реал Мадрид. Утре се простувам заедно со Модриќ кој беше пример за сите. А за тренер, да имаш некој како него е неверојатно.

Многу играчи имаат врвни квалитети, но успеа да го спои тој квалитет со душа. И поради тоа стана легенда на Реал Мадрид. Тоа е многу важно. Кога некој ќе успее да ги спои двете – станува легенда. А кога нема да успее, останува само обичен играч.

Фото: Real Madrid C/F/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшен гол на Мектомини, Наполи на чекор од титула (видео)

Наполи има предност од 1:0 на мечот против Каљари, одлучувачки за Скудетото. Наполи со поб…