Дома Останати Кошарка Емотивен момент: Обрадовиќ на раб на солзи поради оваа песна на Партизан (Видео)

Емотивен момент: Обрадовиќ на раб на солзи поради оваа песна на Партизан (Видео)

Партизан и Жељко Обрадовиќ неодамна ја прекинаа соработката поради лошите резултати во Евролигата, а додека црно-белите продолжуваат да губат во елитното натпреварување, сè појасно станува колку на навивачите им недостасува трофејниот тренер. И самиот Обрадовиќ уште еднаш покажа колку се силни емоциите кон Партизан.

Легендарниот тренер беше гостин на роденденската прослава на Предраг Даниловиќ, организирана по повод полнолетството на неговиот син Вук. Токму за време на славењето се случи моментот кој особено го трогна некогашниот тренер на црно-белите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кога бендот започна да ја свири песната „Црнa косa“, култниот хит на Ханка Палдум, Саша Даниловиќ заедно со ќерката Олга му пријде на Жељко Обрадовиќ, го прегрна, а потоа сите присутни запеаја преработен рефрен посветен на Партизан – „сè за љубов, сè за Партизан“. Обрадовиќ во тој момент беше видливо емотивен.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ пред голем апсурд: Правилото на НБА му се заканува да му ја поништи сезоната од соништата

Никола Јокиќ се наоѓа во неверојатна ситуација која би можела да го обележи целиот НБА сез…