Дома Фудбал Елмас го напушта Торино, но ќе остане во Италија – ќе игра за друг гигант!?

Елмас го напушта Торино, но ќе остане во Италија – ќе игра за друг гигант!?

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас повторно се најде во фокусот на европскиот трансфер-пазар. По неколкуте звучни трансфери во својата досегашна кариера, 24-годишниот плејмејкер би можел да направи нов чекор напред, откако медиумите во Италија започнаа интензивно да го поврзуваат со еден од најреномираните клубови на Апенинскиот Полуостров – Рома.

Иако сè уште е под договор со германскиот Лајпциг, се чини дека деновите на Елмас во Бундеслигата се одброени. Германскиот клуб повеќе не го гледа во своите идни планови, што го отвори патот за негово заминување уште во летниот преоден рок. Според пишувањата на италијанските спортски медиуми, македонскиот интернационалец им бил понуден на „волчицата“ од Рим, која со сериозен интерес го разгледува можниот ангажман.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Римјаните го гледаат Елмас како фудбалер со разновиден профил – технички поткован, интелигентен во играта и со изразен инстинкт за гол. Потенцијално би можел да конкурира на позицијата на Суле на левото крило, но и да се вклучи како креативен играч за врска во системот на новиот тренер.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата на Реал Мадрид вчера беше понижена, изгледаше како аматер – реагирал веднаш и Алонсо!

Секој може да има лош ден и не треба брзо да се носат заклучоци врз основа на еден настап,…