Дома Останати Тенис Експерт открива теорија за повредите на Ѓоковиќ

Експерт открива теорија за повредите на Ѓоковиќ

И додека Новак Ѓоковиќ се соочува со предизвиците што ги носат годините и сè почестите паузи, сè повеќе луѓе забележуваат дека легендарниот Србин повеќе не делува физички недопирлив како во првата деценија од својата кариерата. Ваквиот впечаток дополнително се засили на неодамна завршениот Мастерс во Шангај.

Иако повредите и физичките падови во позните играчки години се нормални, еден експерт за здравје на спортисти и превенција на повреди — Стивен Смит, основач и директор на светски признатата компанија за спортска наука Китман Лабс — тврди дека во случајот на Ѓоковиќ можеби постојат и други причини.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Секако, сите повреди што ги доживува Ѓоковиќ се поврзани со неговите “натпреварувачки години” и трошењето на телото во текот на кариерата, но во неговиот случај постои уште нешто — изјави Смит за “Коријере дело Спорт” и додаде:

Од 2003 до 2023 година, Новак практично немаше сериозни физички проблеми, што му овозможи неверојатна долготрајност. Но, во последните 18 месеци, беше принуден често да прави паузи и сè повеќе рационално да избира на колку турнири ќе учествува. Сметам дека понекогаш, периодот на закрепнување од повреда доведува до намалување на тренинг оптоварувањето, па кога играчот се враќа на терен, се очекува истото ниво како порано, што може да предизвика синџир на нови повреди.

Интересно е што ваквата позиција доаѓа токму во момент кога многу тенисери и тенисерки — вклучувајќи ги Карлос Алкараз, Ига Швјонтек и Коко Гоф — го критикуваат густото распоредување на турнирите и обврските, сметајќи дека прекумерното играње доведува до повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Oткриена порака од шест недели пред турнирот: Тенисерот кој беше сензација во Шангај како да знаел што следи!

Во Шангај, изминативе десетина дена беше создадена една од најубавите тениски приказни на …