Фудбалерот на Марсеј, Мејсон Гринвуд, во иднина ќе игра за репрезентацијата на Јамајка.
Како што јавуваат британските медиуми, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед има право на државјанство на Јамајка, бидејќи неговиот татко е роден во таа земја.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Ова ќе биде големо засилување за тимот на Стив Мекларен, кој ја презеде селекцијата на Јамајка со намера да ја одведе на Светското првенство 2026 година.
Гринвуд сè уште го следи сенката на сексуален престапник, поради што Англија го отфрли.
Оваа сезона за Марсеј одигра 20 натпревари и постигна 13 гола.
Гринвуд ги помина сите младински категории на репрезентацијата на Англија, но за А селекцијата одигра само еден натпревар, па има право да премине во редовите на Јамајка.