Дома Фудбал Екс-фудбалерот се откажа од својата ќерка поради „Онли Фенс“: Заработувам многу повеќе од вас!

Екс-фудбалерот се откажа од својата ќерка поради „Онли Фенс“: Заработувам многу повеќе од вас!

Јавноста во Обединетото Кралство беше шокирана од големиот семеен конфликт на поранешната фудбалска ѕвезда од Англија, Давид Дан, додека медиумите не престануваат да го развиваат овој случај. Миа, неговата 19-годишна ќерка, тврди дека била отфрлена од семејството поради изборот на нејзината професија. Додека семејните врски се распаѓаат, таа без страв зборува за приходите кои ги остварува и не планира да застане со својата активност.

Приказната која постојано е на насловниците во британските таблоиди доби нов пресврт, а во центарот се наоѓа поранешниот фудбалер од Блекбурн Роверс, Давид Дан, и неговата ќерка Миа Винворд-Дан.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Ситуацијата кулминирала кога Миа одлучила да отвори профил на платформата за возрасни, OnlyFans, и започнала да објавува содржина за возрасни.

Според неа, таа одлука го предизвикала целосното распаѓање на семејните односи.

Младата девојка јавно зборуваше за обидите да го поправи односот со татко ѝ, но тврди дека сѐ завршило на најлош можен начин.

“Сакав да обновам контакт со татко ми, но во разговорот ме нарече к***а. Се обидов да му ја објаснам мојата страна на приказната на родителите, но само ме навредија и ми го блокираа бројот”, раскажа Миа.

Според нејзините зборови, по тој разговор, немало никакво враќање. Родителите, вели таа, го прекинале секој контакт и целосно ја избришале од нивните животи.

Иако можеби многумина на нејзино место би размислиле за промена на правецот, Миа кажува дека нема намера да се кае.

@miakaterosexx #lips #football #footballtiktok #arsenal #mia #footballgirl #footballgirls #kiss #kisskiss #footballgame #lipstick ♬ BETTA LATE THEN NEVA – rich amiri #1 fan

Напротив, таа особено јасно истакнува дека стои цврсто зад своите одлуки и свесно ја избрала својата патека.

“Им кажав дека она што го правам не ме прави лоша личност. Имам 19 години и одлучив да правам нешто свое”, изјавила таа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид размислува да го продаде Камавинга

Реал Мадрид би можел да го продаде Едуардо Камавинга летово доколку добие добра понуда, из…