Дома Фудбал Eкс-фудбалерот на Барса воодушевен од Модриќ: Не постои тактика која ќе го запре!

Eкс-фудбалерот на Барса воодушевен од Модриќ: Не постои тактика која ќе го запре!

Капитенот на Реал и Хрватска Лука Модриќ (39) постигна спектакуларен гол за Кралскиот клуб во победата од 2:0 против Жирона во 25-то коло на шпанската Ла Лига. Модриќ ја прими одбиената топка по корнер, ја контролираше со градите и од 25 метри со страшен волеј ја испрати неодбранливо во аголот.

По натпреварот и многу важната победа во борбата за титулата во Шпанија, Лука Модриќ даде изјава за медиумите во која го опиша својот јубилеен 30-ти гол во Ла Лига. “Останав сам, ја контролирав топката, добро ја удрив и влезе. Не знам дали е еден од најспектакуларните голови, но е прекрасно, секогаш е посебно да се постигне гол на Бернабеу.”


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Модриќ беше пофален и од Артур Мело, поранешен играч на Барселона кој на вчерашниот натпревар настапи за Жирона: “Тоа беше брилијантна игра на Модриќ. Не можете ништо да направите, никаква тактика не помага, не можете да се одбраните… Му честитав по натпреварот на навистина спектакуларниот гол. Тоа беше уште еден показател за огромниот квалитет”, рече Бразилецот и продолжи со пофалби:

“Се трудевме да дадеме сè од себе, но ова е Реал на Сантјаго Бернабеу. Тоа е најдобриот тим на светот”, заврши тој, а неговата изјава за Кралевите можеби нема да им се допадне на Каталонците, за кои Бразилецот играше две години и запиша 72 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту Перез не е семоќен: Има желба која Мендеш не може да му ја исполни

Флорентино Перез се обиде да го донесе во своите редови еден од најдобрите играчи на денеш…