
Напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике верува дека неговиот клуб во наредните недели ќе успее да забележи победи во Премиер лигата.
Шампионот на Англија не ја започна сезоната добро иако влезе со големи амбиции, па по 11 одиграни кола има 18 бодови и се наоѓа на осмото место на табелата. Тоа е осум помалку од лидерот Арсенал и четири од второпласираниот Манчестер Сити.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Утре од 16 часот, Ливерпул го пречекува Нотингем Форест во 12. коло.
„Мислам дека ова ќе биде тежок период, нималку лесен натпревар, но и натпреварите пред репрезентативната пауза беа очигледно тешки. Мораме да останеме заедно и да се поддржуваме, бидејќи ова ќе биде многу напорен период со многу натпревари, но сум оптимист. Фудбалот е прашање на моментот. Ја започнавме сезоната добивајќи ги сите натпревари со голови во последниот момент. Потоа почнавме да губиме, но мислам дека можеме тоа да го промениме“, изјави Екитике.
Репрезентативецот на Франција пристигна во Ливерпул летово за 95 милиони евра од Франкфурт.
Постигна шест гола на 16 натпреварувачки натпревари за „црвените”, но последен пат беше стрелец во Премиер лигата во септември.