
Со обезбедениот настап на Европското првенство, македонската ракометна репрезентација ја исполни примарната задача што беше зацртана пред почетокот на квалификациите. Сепак, ждрепката не беше наклонета кон „црвено-жолтите“, па Македонија се најде во силна и исклучително конкурентна група, која остава мал простор за оптимизам околу пласманот во следната фаза.
Проекциите на експертите на Европската ракометна федерација (ЕХФ) не одат во прилог на нашиот национален тим. Според нивните анализи, Македонија има само 8,9 проценти шанси да ја мине групната фаза, додека шансите за пласман во четвртфиналето и настап на завршниот викенд се сведени на минимум, односно практично не постојат. Полоши прогнози од македонските имаат само репрезентациите на Грузија, Фарските Острови, Романија, Италија и Украина.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Истовремено, според истата анализа, Данска и Франција важат за главни фаворити за освојување на европската титула.
Според форматот на натпреварување, по две најдобро пласирани селекции од секоја група ќе обезбедат место во главната групна фаза, додека за дванаесет репрезентации Европското првенство ќе заврши уште по завршувањето на групниот сегмент.
