Дома Останати Ракомет ЕХФ донесе разумна одлука: Алаклоид е шампион во ЕХФ Европскиот куп!

ЕХФ донесе разумна одлука: Алаклоид е шампион во ЕХФ Европскиот куп!

По неколкунеделна неизвесност, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја донесе конечната одлука за одложениот реванш натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу македонскиот претставник Алкалоид и грчкиот АЕК. Со тоа, Алкалоид и официјално го освои својот прв европски трофеј.

Скопскиот клуб во првиот натпревар во Атина забележа значајна победа од 29-25, но реваншот што требаше да се одигра во Скопје не се одржа, откако гостинскиот тим од Атина одби да излезе на терен. Причина за бојкотот беше незадоволството на АЕК од бројот на билети одделени за нивните навивачи.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


ЕХФ го регистрира натпреварот со службен резултат 10-0 во корист на Алкалоид, со што македонскиот тим го заокружи двомечот со убедлива вкупна победа и се искачи на врвот на ова европско натпреварување.

Сепак, Европската куќа на ракометот најави дека ќе следи и дисциплинска постапка против Алкaloид, поради непочитување на правилото за доволен број билети за гостинските навивачи. Потенцијалната санкција нема да влијае врз конечниот епилог – Алкалоид останува новиот шампион во ЕХФ Европскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар имаше среќа: Доби одлична група во Лига Европа!

Македонскиот ракометен великан Вардар може да биде задоволен од денешната ждрепка за групн…