
Македонија на 18 ноември ќе настапи во Кардиф против Велс во својот последен натпревар од квалификациите за Светското првенство, а домаќините добија значајно кадровско засилување пред пресметката.
Според информации објавени од „Би-Би-Си“, дефанзивецот на Тотенхем, Бен Дејвис, ќе се врати во националниот тим и ќе биде дел од составот на Велс за претстојните дуели со Лихтенштајн и Македонија во рамки на квалификациите за Мундијалот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Искусниот стопер беше надвор од терените од 13 октомври поради повреда.