Дома Фудбал Един Џеко бега од Фиорентина по само неколку месеци?!

Един Џеко бега од Фиорентина по само неколку месеци?!

Един Џеко, капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, од доаѓањето во Фиорентина одигра само 74 минути во четири натпревари во Серија А.

Тренерот Стефано Пиоли, изгледа, не смета на 39-годишниот напаѓач, поради што се повеќе се чини дека Џеко може да ја напушти Тоскана веќе во зимскиот преоден рок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


И покрај големите очекувања по враќањето во Италија, каде претходно стекна значителна репутација играјќи за Рома и Интер, Џеко сега се соочува со еден од најтешките периоди во неговата кариера.

Со оглед на неговиот статус во светот на фудбалот, Џеко би можел да претставува голема можност за клубовите кои бараат искусен напаѓач. Зимскиот трансфер пазар носи нови можности за неговата иднина.

Кој клуб би бил идеален за ’Дијамантот’, според вашето мислење?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем објави разделба со Игор Тудор, не е јасно кој ќе го води тимот до крајот на сезоната

Тотенхем и Игор Тудор се разделуваат по взаемна согласност, објави клубот. Хрватскиот трен…