Дома Фудбал Едерсон се сели во Истанбул, Гвардиола ќе плати 46 милиони евра за неговата замена!?

Едерсон се сели во Истанбул, Гвардиола ќе плати 46 милиони евра за неговата замена!?

Додека со Наполи завршува маратонски преговори и полека но сигурно обезбедува историски трансфер на Виктор Осимен за 75.000.000 евра, Галатасарај не мирува на другите полиња и интензивно работи на зајакнување на тимот.

Манчестер Сити очекува дека турскиот шампион брзо ќе испрати официјална понуда за голманот Едерсон (31) и е подготвен да преговара за продажба на Бразилецот, пренесува Фабрицио Романо и додава дека преговорите на Галата и самиот Едерсон веќе се во тек.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Едерсон пристигна во Манчестер уште во 2017 година за 40.000.000 евра од Бенфика, а досега со Сити дури шест пати ја има освоено Премиер лигата, со бројни други трофеи, меѓу кои најмногу се истакнува Лига на шампионите во 2023 година.

Сити и тренерот Пеп Гвардиола изгледа дека се помирени со фактот дека остануваат без Бразилецот, пишувавме вчера за можните замени, имаше пет кандидати, но на крајот беше избран Џејмс Трафорд, 22-годишен англиски голман, кого Манчестер го продаде пред само две години.

Трафорд тогаш премина во Барнли за 23.000.000 евра, а договорена е клазула за враќање за “граѓаните” од 46.000.000, колку што сега ќе мора да платат.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што се случува со Португалците? По Роналдо, уште две ѕвезди направија нешто непростливо (Видео)

Синоќа Ирска ја изненади Португалија и победи со резултат 2:0, а две ѕвезди од португалска…