
Неколку играчи до крајот на летниот преоден рок сигурно ќе го напуштат Олд Трафорд, а Манчестер Јунајтед веќе доби понуда за еден од нив.
Еден од најголемите проблеми за португалскиот стручњак претставуваше недоволно добриот играчки состав со кој располагаше.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Ова лето, Црвените Ѓаволи сериозно се зајакнаа, па на Олд Трафорд меѓу другите пристигнаа Матеус Куња, Брајан Мбеумо, Бенјамин Шешко…
Еден од отпишаните е и левиот бек Тајрел Малација, на кого Аморим нема да смета оваа сезона и на кого веќе одамна му е кажано да си побара нова средина.
Сега, на адресата на Манчестер Јунајтед пристигна понуда за Холанѓанецот, и тоа од Италија. Станува збор за Рома.
Како што пренесува најпознатиот спортски новинар во светот – Фабрицио Романо, клубот од Апенинот веќе оствари контакт со Црвените Ѓаволи.
Покрај Рома, за Малација е заинтересиран и Бешикташ, но многу поголеми шанси има левиот бек да премине во Рома, бидејќи тоа е негов прв избор за наредниот чекор во кариерата.