Дома Фудбал Еден од најдобрите во светот сонува да го облече дресот на Реал Мадрид?!

Еден од најдобрите во светот сонува да го облече дресот на Реал Мадрид?!

Доминик Собослаи неодоливо потсетува на Стивен Џерард. Му недостига само капитенската лента за да ја комплетира колекцијата.

До неа сигурно ќе стигне бидејќи е среќен во клубот и Ливерпул забрзано работи на продолжување на договорот со својот најдобар фудбалер и еден од најдобрите во светот оваа сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Дали ќе го освоиме ФА купот? Зависи од Доминика Собослаи на кој најмногу се потпираме оваа сезона. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот моментално и се надевам дека може да продолжи вака”, изјави Мохамед Салах минатата вечер по победата над Брајтон со 3:0.

Сепак, како некој неостварен сон се наведува Реал Мадрид и тоа не помалку важен отколку од селекторот на Унгарија, Марко Роси, кој има близок однос со играчот од средината на Ливерпул.

„Апсолутно не ја исклучувам можноста да остане во Ливерпул и да го продолжи договорот, особено што е многу ценет во клубот. Тој е многу важен таму, а Ливерпул е еден од најголемите клубови во светот. Поради нашиот многу близок и директен однос, кој го имам со Доминик откако почна како дете, Реал секогаш беше негов сон”, без колебање изјави Роси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жесток судир во тунелот на „Сан Сиро“: Погледнете ја пресметката меѓу Спалети и Киелини со судијата (Видео)

Голема напнатост го обележа полувремето на дербито помеѓу Интер и Јувентус (победа на Инте…