
Четворица навивачи на Црвена Звезда се тешко повредени во масовна тепачка кај аеродромот Дубрава во Тузла во саботата, а еден е во критична состојба, пишува денеска загрепскиот „Вечерњи лист“.
Полицијата, се наведува, уапсила неколку десетици навивачи на Хајдук кои извршиле напад, а 14 од нив се задржани во притвор.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Заседата на „Делии“ од Босна и Херцеговина им приредиле припадниците на „Торцида“ во саботата навечер при враќањето на навивачите на Црвена Звезда од натпреварот во Малме.
Навивачите на Хајдук ги изненадиле звездаши од Босна и Херцеговина во темнината, претепувајќи ги кај паркингот каде што „Делии“ ги оставиле своите возила за време на гостувањето во Шведска.
Четворица навивачи на Звезда се тешко повредени по масовната тепачка, од кои еден е во критична состојба.