Дома Топ вести Eспањол добро се држеше, но кога на сцена стапи „магионичарот“ ништо не можеа (ВИДЕО)

Eспањол добро се држеше, но кога на сцена стапи „магионичарот“ ништо не можеа (ВИДЕО)

Каталонското дерби заврши со победа за Барселона.

Фудбалерите на Барселона славеа на својот стадион во рамките од 29-тото коло во шпанската Примера против Еспањол со 2:0.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Добро се бранеше Еспањол во првото полувреме, расположен беше Диего Лопез, се закануваат гостите, Меси, Ракитиќ и Суарез, но промена на резултатот немаше.

Во судиското продолжение од првиот дел играчите на Барселона бараа пенал, судијата ја прегледа снимката и донесе одлука да не досуди најстрога казна.

На полувреме се замина без голови.

Се играше 71-та минута кога Меси доби слободен удар од работ на казнетиот простор. Аргентинецот изведе уште еден одличен слободен удар, Виктор Санчез се обиде да интервенира, но место тоа самиот си ја смести топката во својата мрежа. Барса така стигна до водство.

Тргнаа Каталонците и по втор погодок, а до него стигнаа во 89-тата минута. Резервистот Малком помина по левата страна уфрли топка во средината кон Меси на кого не му беше тешко од добра позиција да го постигне неговиот 31-ви гол во Примера оваа сезона. Барса така ја обезбеди победата во каталонското дерби.

После ова тимот на Ернесто Валверде останува лидер со 69 освоени бодови, 13 повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид, додека Еспањол се наоѓа на 14-тата позиција со 35 освоени бодови помалку од градскиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …