Дома Македонски спорт Eнур Тотре и Дориан Бабунски повикани на местото на Ракип и Јаховиќ

Eнур Тотре и Дориан Бабунски повикани на местото на Ракип и Јаховиќ

Македонските репрезентативци, Ердал Ракип (Малме) и Адис Јаховиќ (Гестепе) поради повреда нема да се стават на располагање на тимот за подготовките и натпреварите на македонската А репрезентација против Ерменија (11. ноември) и Исланд (14. ноември) од квалификациите за Светското првенство 2023. 

Фудбалерот на шведски Малме има болка во коленото и денешниот извештај од магнетната резонанца ќе потврди колку време Ракип ќе отсуствува од терените. Адис Јаховиќ поради повреда излезе во 16. минута во вчерашниот настап за својот тим Гезтепе против Конјаспор од турското првенство. 


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Благоја Милевски дополнително ги повика Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски. Двајцата фудбалери ќе бидат на првиот тренинг на репрезентацијата. 

Денеска во 12:00 часот во хотел „Хилтон“, националниот тим го има првиот собир спроти последните два меча од мундијалските квалификации. Првиот тренинг е денеска од 17:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. 

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…