Виљареал вчера со победа од 0:3 во Торино го елиминираше Јувентус од Лигатан а шампионите. Во Шпанија резултатот беше 1:1, Јувентус важеше за фаворит во реваншот, но во финишот од мечот вчера прими три гола.




Победата од овој натпревар стратегот на Виљареал Унаи Емери ја посвети на неговиот 73-годишен пријател Хозе Мануел кој 28 години беше потпретседател на клубот. Тој се повлече минатиот месец со писмо преку кое соопшти дека има леукемија.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Оваа победа ја посветувам Хозе Мануел Љанеза. Сите сакаме за него да биде овој триумф затоа што поминува низ тешки моменти. Станува збор за човек полн со енергија и се надевам дека оваа победа ќе му донесе радост“, изјави Емери.