Eлиф Елмас блесна вчера на „Камп Ноу“ и беше еден од најзаслужните за голот на Наполи во ремито против Барселона 1:1.
Македонија на 24. март ја очекува натпревар против Италија во баражот за Светското првенство, а за жал Елмас ќе го пропушти овој натпревар поради жолти картони. После вчерашниот натпревар „дијамантот“ доби прашање и за овој натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Италија – Македонија? Според мене шансите се 50-50. Тоа е еден натпревар, големината на Италија можеби да има важност пред мечот. Кога судијата ќе означи почеток на натпреварот на теренот фудбалерите се 11 на 11 и се е можно. Зошто Македонија да нема шанси? Ќе видиме што ќе биде после последниот судиски свиреж во Палермо. Нормално дека пласман на Македонија на СП во Катар би бил голема работа“, изјави Елмас.
Ќе потсетиме во вториот полуфинален бараж во нашата група ќе се сретнат Португалија и Турција.
Фото: ФФМ