Дома Фудбал Италија Eлмас добива нов тренер: Де Лаурентис преку Твитер го отпушти Гатузо

Eлмас добива нов тренер: Де Лаурентис преку Твитер го отпушти Гатузо

На многу необичен начин претседателот Аурелио Де Лаурентис го отпушти тренерот на Наполи Џенаро Гатузо.

На Наполи му требаше победа против Верона за да се пласира во ЛШ, но во клучниот натпревар тие киксираа и му дадоа шанса на Јувентус да оди во најелитното европско натпреварување.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Брзо по завршувањето на натпреварот на социјалните мрежи се огласи Аурелио Де Лаурентис кој соопшти дека Гатузо добива отказ.

„Почитуван Рино. Среќен сум што ги поминав последните две сезони со тебе. Ти благодарам за тоа што го одработи и ти посакувам успех каде и да одиш. Прегратка до тебе, твојата сопруга и децата“, напиша Де Лаурентис.

Низ медиумите во Италија претходно се шпекулираше дека Гатузо може да седне на клупата на Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Maкедонија утре во Кардиф ја чекаат полни трибини!

Македонската фудбалска репрезентација утревечер од 20:45 часот ќе го одигра последниот нат…