Дома Трансфер зона Eдни прегледи завршени, вторите закажани: Мурињо обезбеди две засилувања!

Eдни прегледи завршени, вторите закажани: Мурињо обезбеди две засилувања!

mourinho

Mанчестер Јунајтед го обезбеди првото засилување!

Имено, познатиот фотограф од Манчестер, Крег Норвод кого на официјалниот Твитер профил го следат повеќе од 172 илјади следбеници објави дека Брзилецот Фред успешно ги поминал медицинските прегледи во Манчестер!

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Фред е фудбалер кој има 25 години и доаѓа од Шахтјор, претходно овој фудбалер се поврзуваше со трансфер во градскиот ривал на Јунајтед, но на крајот сепак ќе заврши во тимот на Мурињо.

Норвод исто така најавува и дека целата работа ќе биде потврдена најмногу во наредните 24 часа (објавата беше поставена денес во 5.15 часот).

Целата сума на трансферот би требало да изнесува околу 60 милиони евра.

Само неколку моменти Норовод го откри и второто засилување на Манчестер Јунајтед. Станува збор за Диого Далот кој во следните два дена би требало да пристигне на медицински прегледи.

Треба да истакне дека овој човек важи за добро информиран кога во прашање се случувањата во Манчестер Јунајтед, па можеме да му веруваме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…