Давид Силва ја завршува авантурата во Манчестер Сити, а сега ги разгледува опциите за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.
Катарскиот Ал-Сад и дефинитивно се откажа од трката за потпис на Силва. Како што пренесува „Тутомеркато“, Чави кој е тренер на овој клуб смета дека тоа што го има Казорла во клубот нема да биде доволно да убеди уште еден поранешен соиграч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред Силва сепак има уште четири и тоа како прималиви понуди. Во игра за неговиот потпис и понатаму се Лацио, Валенсија, Севиља и Интер Мајами на Бекам.
Силва ги минува последните денови во Сити и на крајот како капитен ќе се обиде на овој клуб да му го донесе трофејот во Лигата на шампионите.
Медиумите шпекулираат дека Шпанецот преферира враќање во татковината, а таму во неговата Валенсија е општ хаос, па затоа Севиља изгледа како подобро опција. Меѓутоа и Лацио од Серија А има што да понуди, па останува да видиме за што ќе се одлучи.