Русинката Марија Шарапова своевремено беше број еден на ВТА листата и освојуваше грен-слем титули, а огромни заслуги за тоа секако имаше и нејзиниот татко, Јуриј кого таа го отпуштила преку мејл.
Шарапова изненадувачки по освојувањето на Вимблдон во 2008 година го отпушти својот татко, но немала храброст одлуката да ја му ја соопшти во лице. Како што сега откри го известила преку мејл.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Верував дека е најдобро тоа да го направам преку мејл. Едноставно не можев да го погледнам во лице и да му кажам дека не сакам да ме тренира. Знам дека по освојувањето на Вимблдон не очекуваше такво нешто и не сум горда на тој потег“, изјави Шарапова.
Во кариерата руската тенисерка освои вкупно пет грен-слем титули, додека кога во прашање се ВТА титулите дојде до 39. Имаше и успех на Олимписките игри во 2012 година кога освои сребрен медал.