Легендарниот Никола Карабатиќ кој го носи дресот на Пари Сен Жермен размислува да стави крај на неговата голема кариера.
38-годишниот ракометар со балкански корени дресот на ПСЖ го носи од 2015 година. Кариерата ја започна во Монпелје, а беше дел од Кил и Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во изјава за француските медиуми најави дека одлуката за дали ќе продолжи ќе ја донесе многу брзо.
„Конечната одлука ќе ја донесам многу брзо. Клубот ќе биде известен на време за да може да најде замена“, изјави Никола Карабатиќ.
Ако ваквата најава на Карабатиќ се исполни тогаш тоа значи дека тој нема да го предводи националниот тим на Летните Олимписки Игри во Париз 2024 година. Во својата кариера Карабатиќ постигна 1.238 гола на 324 натпревари.