Дома Фудбал Останато Eвра: Роналдо во Јувентус бараше почит, а беше жртвено јагне

Eвра: Роналдо во Јувентус бараше почит, а беше жртвено јагне

После три сезони поминати во Јувентус, 101 гол на 134 натпревари и пет освоени трофеи Кристиано Роналдо кон крајот на преодниот рок си замина од Јувентус и се врати во Манчестер Јунајтед.

Французинот Патрис Евра зборуваше за неговиот период во Торино.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Роналдо во Јувентус бараше почитување, но беше жртвено јагне. Него му е потребно внимание и почит, а критиките кои добиваше во Италија беа смешни и лицемерни“, изјави Евра и замери на начинот на кој Алегри го дочека Португалецот.

„Погреши кога на прес-конференцијата изјави дека Роналдо нема да игра на секој натпревар. Не беше потребно тоа јавно да се зборува. Како и да е, убаво е што се врати во Манчестер Јунајтед, тој клуб е негова прва љубов“, додаде Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвезда на Манчестер Сити ја одложува венчавката поради Светското првенство

Голманот на фудбалерите на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, го одложи своето венчавање з…