Дома Трансфер зона Eнрике ќе прави голема „чистка“: Пред заминување од Париз дури 12 фудбалери

Eнрике ќе прави голема „чистка“: Пред заминување од Париз дури 12 фудбалери

ПСЖ пред три дена и официјално го промовираше Луис Енрике за нов стратег на клупата, а потоа следуваа и промоции на Скриниар, Асенсио и Угарди. Покрај засилувањата, според најавите од француските медиуми во Париз ќе има и голема чистка.

Веројатно до крајот на летото клучното прашање ќе биде околу иднината на Килијан Мбапе кој не сака да го продолжи договорот кој му истекува наредното лето. Од ПСЖ порачаад дека продолжување на соработката е единствен начин тој да остане на „Паркот на Принцовите“, па ќе видиме што ќе се случува.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од друга страна раководството ќе се обиде да им најде нови клубови на 12 фудбалери меѓу кои има и играчи кои се враќаат од позајмици од други клбови.

Како „вишок“ во Париз се означени:  Мауро Икарди, Леандро Паредес, Кејлор Навас, Јулијан Дракслер, Абду Диало, Колин Дагба, Хуан Бернат, Лајвин Курзава, Уго Екитике, Џини Вајналдум, Тимоти Пембеле и Ел Шадај Бишиабу.

Останува да се види дали Енрике ќе успее во целост да ја реализира „чистката“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…