Дома Македонски спорт Мак ракомет Eден од најнадежните македонски ракометари потпиша дoговор со Голден Арт КЛ7

Eден од најнадежните македонски ракометари потпиша дoговор со Голден Арт КЛ7

Младиот стружанец Емилијан Ѓорговски според многумина е еден од најнадежните млади ракометари во Македонија следните години ќе биде дел од најмладиот ракометен клуб во земјава Голден Арт КЛ7.

Роден е 2002 година, кадетски репрезентативец на Македонија, а во ракометот е од својата 12 година. Своите почетоци ги имаше во школата на професорот Јаковче Матлиески, а од 2016 Ѓорговски е во КЛ7 Струга каде ги помина сите селекции од пионерска, преку кадетска до младинска. Најдобар пример за ракометниот развој на децата под капата на големото семејство КЛ7 каде се работи под мотото “Ракомет за секое дете”.

Чекор по чекор Ѓорговски, ракометно, порасна во КЛ7 Струга каде ја надогради основата во ракометот. Желбата и талентот се само помагатели во развојот на секој играч, но дисциплината во текот на тренажниот процес, учење на “лекциите” од терен и максимално посветување ,се приматот во раснењето и патот до најсилната лига.

Ѓорговски како дете кое својот развој го имаше во КЛ7 Струга минатата натпреварувачка сезона 2018/19 учествуваше во три завршни турнири и беше шампион во кадетска конкуренција. Од оваа година ќе дебитира во супер лигата бранејќи ги боите на Голден Арт КЛ7. Заради неговите години ќе може да настапува во кадетска и младинска екипа во зависност од потребите на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Оваа година само со македонски екипи: Започнува ракометниот турнир во Струга!

Денес започнува ракометниот турнир во Струга на кој поради ситуацијата со коронавирусот ќе…