Дома Фудбал Останато Eден Азар објави крај на кариерата!

Eден Азар објави крај на кариерата!

Белгиецот Еден Азар ојбави крај на кариерата како професионален фудбалер.

Веста Азар ја соопшти преку псимо на социјалните мрежи, а негов последен клуб беше Реал Мадрид од каде што си замина по истекот на договорот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Морате да се слушате себеси и да  застанете во вистинско време. После 16 години и повеќе од 700 одиграни натпревари, решив да ја завршам кариерата како професионален фудбалер. Можев да го остварам мојот сон, играв и се забавував на многу терени ширум светот. Во текот на мојата кариера имав среќа да запознам одлични менаџери, тренери и соиграчи – ви благодарам на сите за овие одлични времиња, сите ќе ми недостасувате.

 Исто така, сакам да им се заблагодарам на клубовите за кои играв: Лил, Челси и Реал Мадрид; и благодарност до мојата белгиска репрезентација. Посебна благодарност до моето семејство, моите пријатели, моите советници и луѓето кои ми беа блиски во добри и лоши времиња. Конечно, огромна благодарност до вас, моите фанови, кои ме следеа сите овие години.

Сега е време да уживам со моите најблиски и да имам нови искуства. Се гледаме наскоро надвор од теренот мои пријатели“, гласи пораката на Азар.

Азар со Реал Мадрид го освои трофејот во Лигата на шампионите, но сепак не ги оправда очекувањата, а освојуваше трофеи и со Лил и Челзи. Најголемиот успех со Белгија го направи 2018 година кога го осво итретото место на Светското првенство во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус, Интер и Манчестер Јунајтед го сакаат Начо

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…