Дома Фудбал Англија Eвра: Зошто Јунајтед плати 40 милиони фунти за играч кој седи на клупа?

Eвра: Зошто Јунајтед плати 40 милиони фунти за играч кој седи на клупа?

Манчестер Јунајтед во последниот преоден рок плати 40 милиони евра за Дони Ван Де Бек кој дојде од Ајакс, но овој играч не добива многу шанса кај Солскјер на стартот од сезоната.

Ван Де Бек беше најавен како големо засилување, но тој одигра само 70 минути во Премиер лигата и запиша два настапи во Карабао купот. Последниот натпревар против Челзи во ПЛ го изгледа од клупата за резерви.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За Патрис Евра таа ситуација не е јасна.

„Мистерија е начинот на кој Ван Де Бек се користи од кога дојде. Не е во плановите на Солскјер и сега се поставува прашањето – има ли смисла да платите некого 40 милиони фунти и да го држите на клупа. Тој веројатно си мисли: Што јас правам тука?“, порача Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вака ќе изгледа топката на Светското првенство 2026 (Видео)

ФИФА официјално ја претстави топката со која ќе се игра на Светското првенство во 2026 год…