Дома Фудбал Џерард не сака да работи: Сакам да пијам пиво и да уживам во слободата

Џерард не сака да работи: Сакам да пијам пиво и да уживам во слободата

Некогашниот англиски фудбалер и легенда на Ливерпул Стивен Џерард не сака наскоро да се врати на тренерските обврски.

Џерард на почетокот од годината остана без клуб и не брза во потрага по нов предизвик:

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Не, не сакам да работам во моментов. Ми е мило што се будам слободен, гледам свои работи и не знам што е стрес. Во еден момент ќе се вратам, но не во наредните година и пол или малку повеќе. Ја сакам оваа слобода. Можам да играм голф, да појдам до шанкот и да испијам неколку пива, да правам обични работи кои не можев да ги правам како тренер,” рече Стивен Џерард во разговор за локалниот Liverpool Echo.

Џерард денес има 44 години, последниот тренерски ангажман го имаше во клубот Ал-Итифак од Саудиска Арабија, каде што беше на чело од 2023 до 2025 година. Претходно го тренираше младиот тим на Ливерпул, Глазгов Ранџерс и Астон Вила.

Како фудбалер, најголемиот дел од кариерата го помина на Енфилд во дресот на Ливерпул, а последните години играше во МЛС лигата за ЛА Галакси. Дресот на Англија го облече 114 пати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Онана ќе заработува двапати повеќе во Турција отколку во Манчестер Јунајтед

Андре Онана стана еден од најплатените фудбалери во Турција. Камерунскиот голман премина н…