Дома Фудбал Две опции за Влаховиќ – останува во Јувентус или прифаќа понуда од гигант која не се одбива!?

Две опции за Влаховиќ – останува во Јувентус или прифаќа понуда од гигант која не се одбива!?

Како што сезоната одминува, сè е поизвесно дека српскиот голгетер Душан Влаховиќ на лето ќе го напушти Јувентус, а денешните изданија на најреномираните весници во Италија и Шпанија јасно укажуваат дека Њукасл и Барселона се во овој момент најблиску до потпишувње на договор со репрезентативецот на Србија.

И додека поголемиот дел од тековната сезона беше мрачен за некогашниот фудбалер на Фиорентина и Партизан, крајот на март навести подобрување за Влаховиќ на клупски и репрезентативен план.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Најпрво, голот против Австрија во реванш натпреварот од плејофот за останување во Лигата на нациите покажа дека Тиаго Мота погрешил што не му дал шанса, а веќе првиот натпревар на Игор Тудор на клупата на Јувентус беше навестување за подобро време за Србите.

Оваа комбинација на околности е сè уште недоволна за да се забрза решението на статусот на играчот кој на 1 јули ќе влезе во последната година од договорот со Јувентус, па е многу поверојатно дека на лето ќе ја промени средината.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус до последен момент ќе го следи состојбата на пазарот во однос на Влаховиќ, а денешното издание на „Газета спорт“ пренесува дека Њукасл сериозно се заинтересирал да го купи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул започна со работа на привлекување на дефанзивец

Ливерпул започнал преговори со Кристал Палас за привлекување на Марк Геи, тврди “Атл…