Дома Фудбал Двајца фудбалери брутални претепани од сопствените навивачи, нема да може ниту да тренираат

Двајца фудбалери брутални претепани од сопствените навивачи, нема да може ниту да тренираат

Фудбалерите на Ница, Жереми Бога и Терем Мофи, започнаа правна постапка откако беа физички нападнати од страна на сопствените навивачи. Двајцата се на боледување поради инцидентот кој клубот го доведе до хаос, пишуваат медиумите. Настанот се случи во недела навечер, по поразот од Лоријан со 3:1. Автобусот на клубот пристигна во тренинг-центарот, каде ги пречекаа околу 400 разгневени навивачи. Бога и Мофи беа жртви на удари со тупаници и нозе, и плукање. Се вели дека исто така беа изложени на расистички навреди.

Некои од ударите, според извештаите, биле насочени кон гениталиите. По нападот, на Бога му беа препишани пет дена боледување, додека Мофи ќе отсутства од теренот до следната недела. Нигерискиот напаѓач, наводно, имал потреба од помош на голманот Јехван Диуф за да влезе безбедно во просториите на клубот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


И покрај тоа што играчите беа предупредени за можниот непријателски пречек уште при заминувањето од аеродромот, тимот сепак одлучи да се врати во тренинг-центарот. По пристигнувањето, двајца претставници на навивачите добија дозвола да влезат во автобусот за да го изразат своето незадоволство. Ситуацијата ескалираше кога излегоа. Во метежот, и покрај присуството на обезбедување, беше нападнат и спортскиот директор Флоријан Морис.

Клубот, чиј сопственик е Сер Џим Ретклиф, еден од сопствениците на Манчестер Јунајтед, се наоѓа во длабока резултатска криза. Моментално се на десеттото место во Лига 1 со шест последователни порази. Ова е драстичен пад во споредба со минатата сезона, која ја завршија на четвртото место. Француските медиуми пишуваат дека тренерот Франк Хаис размислува да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позитивни вести за Милан пред дербито со Интер

Денешните прегледи на играчите на Милан Давиде Бартезаги и Сантиаго Хименес дадоа охрабрув…