Домагој Дувњак ја заврши својата репрезентативна кариера со настапот во финалето на Светското првенство, по што селекторот Дагур Сигурдсон се најде пред предизвикот да избере нов лидер на тимот.
Изборот падна на Иван Мартиновиќ, што беше изненадување за многумина, бидејќи поголемиот дел од јавноста очекуваше оваа позиција да ја заземе Лука Циндриќ, поранешниот играч на Вардар и Металург.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
За време на Мундијалот, кога Дувњак не беше на теренот, капитенската лента ја носеше Игор Карачиќ, но и тој донесе одлука да го заврши својот репрезентативен пат.