Дома Фудбал Останато Душица освои бронзен медал на турнир во Солун

Душица освои бронзен медал на турнир во Солун

Македонската репрезентативка Душица Бреслиева, членка на Таеквондо клубот Штип, се врати со бронзен медал од престижниот меѓународен турнир „Солун Опен Е1“, натпреварувајќи се во јуниорската категорија до 55 килограми.

Турнирот започна одлично за Бреслиева, која во првото коло ја совлада грчката натпреварувачка Толиа Ноли со чиста победа од 2:0. Во втората борба повторно беше доминантна, победувајќи ја и Фиска Мелина Димитра, исто така со 2:0.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Во полуфиналната борба се соочи со Спаноу Лемониа Мариа, но по борба во која недостигаше малку за финале, беше поразена со 0:2. И покрај тоа, Бреслиева го освои третото место и заслужено се закити со бронзен медал, потврдувајќи го својот квалитет на еден од посилните регионални турнири.

Фото: Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Tрагедија: Почина најстариот маратонец во светот, го удрил автомобил додека поминувал улица

Фауджа Синг, кој се сметаше за најстариот маратонец на светот, загина во сообраќајна несре…