
Нов неверојатен пресврт се случува во кариерата на Душан Влаховиќ. Се очекуваше дека Србинoт ќе остане во Торино бидејќи се согласил на новата понуда на Јувентус, но сега е поблизу до потпис со АЦ Милан.
Според информациите кои доаѓаат од Апенините, Росонерите му понудиле на 26-годишникот исти услови како и Јувентус, со плата од седум милиони евра годишно, но со подолг договор од оној што го понудила Старата дама.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Милан е подготвен на Влаховиќ да му понуди договор од најмалку три години, а сето тоа го “среди” агентот Дарко Ристиќ и тоа додека престојуваше во Милано заради трансферот на Андреј Костиќ, кој на Сан Сиро доаѓа од Партизан.
Раководството на Росонерите ја искористи шансата да разговара и за Влаховиќ. На крајот, му дадоа понуда која дефинитивно ќе биде многу интересна за Влаховиќ и неговата околина.
На масата е годишна плата од седум милиони евра нето, плус бонуси, но и нешто поголем договор и ќе видиме што конечно ќе одлучи Влаховиќ.
Српскиот фудбалер и претходно се поврзуваше со доаѓање на Сан Сиро. Ќе видиме дали конечно ќе заврши таму.
Сепак, јасно е дека, во случај да потпише за Милан, ќе стане непожелна личност во Торино. Навивачите сигурно ќе му го дадат тоа до знаење на натпреварите.