Дома Останати Кошарка Дурент: Ја обожавам Евролигата, Барселона и Монако ми делуваат примамливо

Дурент: Ја обожавам Евролигата, Барселона и Монако ми делуваат примамливо

Американскиот кошаркар Кевин Дурент изјави дека би сакал да ја заврши својата кариера во Европа, поточно во Барселона или Монако.

Еден од најдобрите стрелци во историјата на НБА лигата, со застрашувачки напаѓачки арсенал, рече дека го обожава елитното европско натпреварување.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Сакам да играм во НБА, но навистина уживам гледајќи ја Евролигата. Сепак, не сум сигурен колку е реално да играм таму“.

Најкорисниот играч на најсилната лига во светот најмногу би сакал својата кариера да ја заврши во приморските места.

„Барселона би била добро место, но и Монако делува примамливо. Засега ми се допаѓа во Феникс, ќе бидам тука уште малку време“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Браќата Кари во новата сезона од НБА лигата ќе играат во ист клуб!

Сет Кари ќе му се придружи на неговиот брат Стефен во тимот на Голден Стејт Вориорс откако…