Дома Фудбал Останато Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд

Дуплантис повторно го собори светскиот рекорд

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис уште еднаш го собори светскиот и сопствениот рекорд во скок со стап.

Дуплантис во Клермон-Феран ја прескокна висината од 6,27 метри и 11-ти пат во својата кариера го собори светскиот рекорд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Серијата на Мондо со одлични резултати трае од 2020 година кога во Торуњ скокна 6,17 м, потоа два пати го сруши рекордот во Белград 2022 во сала, и од тогаш секоја сезона неколкупати ги поместува границите.

Швеѓанецот двапати беше олимписки и светски шампион и трипати европски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден од македонските олимпијци паднал на допинг!

Македонскиот олимписки комитет вчера на прес-конференција ги соопшти имињата на спортистит…