Дома Фудбал Дрогба го брани Мурињо: Како мојот „татко“ може да биде расист?

Дрогба го брани Мурињо: Како мојот „татко“ може да биде расист?

Дидие Дрогба, поранешен напаѓач на Галатасарај, застана во одбрана на Жозе Мурињо, по обвинувањата за расизам кон Португалецот.

Тренерот на Фенербахче по ремито без голови во дербито го пофали словенечкиот судија, а на неговиот помошник од Турција му порача дека дербито би било катастрофа ако правдата ја делеле домашните судии.


Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓


Затоа од Галатасарај најавија пријава против Мурињо.

“Тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо, кој редовно јавно ги изнесува навредливи коментари кон турскиот народ откако почна да работи во Турција, сега со своите неморални изјави додаде и нехумана реторика. Ја информираме јавноста дека ќе поднесеме кривична пријава до државното обвинителство за расистичките изјави на Жозе Мурињо, исто така ќе испратиме допис до УЕФА и ФИФА”, објави Галата.

По тој повод се огласи Дрогба на социјалните мрежи, кој тврди дека Мурињо никако не може да биде расист.

“Знаете колку сум бил горд што го носев жолто-црвениот дрес и мојата љубов кон најтрофејниот клуб во Турција е огромна. Сите знаеме колку возбудливи може да бидат ривалствата и јас ја имав таа среќа да ги искусам. Ги видов неодамнешните коментари за Жозе Мурињо. Верувајте ми кога велам, го познавам Жозе со години и тој не е расист. Историјата (од минатото и неодамнешната) го докажува тоа. Да се фокусираме на нашите натпревари, да ги поддржиме ‘лавовите’ и да ја освоиме лигата за да се доближиме до петтата ѕвезда”, напиша Дрогба и додаде:

“Како мојот ‘татко’ може да биде расист? Ајде, луѓе.”

Дрогба за Галатасарај одигра 53 натпревари, постигна 20 гола и имаше 13 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд го сруши Тотенхем, Јунајтед едвај против Ипсвич

Манчестер Сити се избори за победа на гости против Тотенхем, додека Јунајтед едвај го совл…