
Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели ќе ја започне утрешната трка за Големата награда на Кина од пол-позиција бидејќи го постигна најдоброто време на квалификациите со 1:32.064.
Секогаш, Мерцедес ја покажува својата доминација, па дури и покрај проблемите и нивните двајца возачи ќе го сочинуваат првиот стартен ред на неделната трка, втората во сезоната.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Кими Антонели дојде до пол-позиција станувајќи со 19 години, шест месеци и 17 дена најмладиот возач во историјата на Формула 1 кој го постигнал ова достигнување. Претходниот рекорд го држеше Себастијан Фетел со 21 година и 72 дена од Монца 2008.
Зад двојката на Мерцедес се наоѓа Луис Хамилтон, веднаш по него следи Шарл Леклер, а потоа третиот стартен ред е резервиран за дуото на McLaren – Оскар Пјастри и Ландо Норис. Од седмата позиција ќе започне Пјер Гасли, додека Макс Ферстапен и Исаак Хаџар се осми и деветти. Оливер Берм од десеттата позиција ќе започне трката која се вози во недела од 08:00 часот.