Дома Фудбал Драма пред камерите: Водителка се сруши во пренос во живо (Видео)

Драма пред камерите: Водителка се сруши во пренос во живо (Видео)

Лора Вудс изгуби свест за време на директниот пренос, но среќно е што сега е добро.

Познатата англиска водителка, Лора Вудс, доживеа момент на вртоглавица за време на преносот од почетокот на пријателскиот натпревар меѓу женските фудбалски селекции на Англија и Гана, предизвикувајќи вистинска драма пред камерите.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


Додека го најавуваше натпреварот, разговорот што го водеше со аналитичарите Јан Рајт и Анита Асанте се претвори во неочекуван настан кога Вудс одненадеж почна да губи рамнотежа.

Само што почна да паѓа напред, легендарниот поранешен напаѓач на Арсенал реагираше инстинктивно и навремено. Рајт успеа да ја поддржи и спречи тежок пад, што беше забележано од камерите.

Режијата веднаш го прекина преносот и го продолжи со долг блок реклами, што само дополнително ја зголеми напнатоста кај гледачите бидејќи не беше јасно што точно се случило. По долгата пауза, програмата продолжи, но со ново водителско лице. Вудс ја замени Кајти Шанахан, која на гледачите им објасни дека нејзината колешка имала проблеми и и посака брзо закрепнување.

За среќа, наскоро пристигна и потврда дека состојбата на Вудс е стабилна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Tрагедија се случи во Германија на натпреварот на Лајпциг

Трагедија се случи на натпреварот меѓу РБ Лајпциг и Магдебург во германскиот Куп. РБ Лајпц…