Дома Фудбал Довбик херој, Рома со пресврт го победи Комо (Видео)

Довбик херој, Рома со пресврт го победи Комо (Видео)

Фудбалерите на Рома го совладаа Комо со 2:1 во натпревар од 27-то коло на италијанската Серија А.

“Волчицата” губеше после првиот дел, но во продолжение со головите на Алексис Салемакерс и Артем Довбик ја преобрна ситуацијата во своја корист и дојде до четвртата последователна победа, која ја носи на осмото место со 43 освоени бодови. Комо е на 13-то место со 28 поени.


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Одлично изгледаше тимот на тренерот Сеск Фабрегас во првото полувреме, кое завршија со водство од 1:0, благодарение на голот минута пред одморот, што го постигна Лука де Куња со асистенција на Маким Пероне.

Но, баш како и во дуелите со Аталанта и Милан, Комо ја прокоцкаше стекнатата предност во продолжението.

Се играше 61-ва минута кога резервистот на Рома, Алексис Салемакерс, го израмни резултатот. Зеки Челик му ја одложи топката, а белгискиот офанзивец, со малку среќа, ја затресе мрежата на гостите.

Работите за Комо станаа уште потешки после само две минути, бидејќи заради вториот жолт картон беше исклучен Марк Оливер Кемпф.

Тоа домаќините го искористија. Се играше 76-та минута кога гостите изведоа перфектна акција, а украинскиот напаѓач Артем Довбик го постигна победоносниот гол со уште една асистенција од Челик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан има три кандидати за спортски директор

Милан е во сериозна криза, но тренерот не е сменет. Затоа, управата реши да се посвети на …