Екипата на Вардар по победата над Струга во првенството денеска оствари триумф над уште еден клуб кој се бори за врвот на табелата, но сега во купот.
„Црвено-црните“ беа подобри од кратовски Силекс со минимални 1:0. Во првиот дел не видовме погодоци, а одлучувачкиот момент се случи на 20-тина минути пред крајот на средбата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Стрелец на победничкиот гол за Вардар беше, Камерунецот Данел Донгмо.
Со минимлани победи место во полуфиналето обезбедија уште екипите на Струга и Шкендија. Стружани на свој терен беа подобри од Гостивар со голот на Кехинде, додека Шкендија благодарение на Шала го доби второлигашот Детонит.