Дома Останати Кошарка Дончиќ е максимално подготвен за спектаклот кој се чека: Лука сака одмазда!

Дончиќ е максимално подготвен за спектаклот кој се чека: Лука сака одмазда!

Бурата околу размената на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерси сè уште не стивнува и ова е главна тема во кошаркарскиот свет.

Лука одигра два натпревара за неговиот нов клуб, постигна 14 и 16 поени на натпреварите со Јута, но со ограничена минутажа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Дончиќ се опоравуваше од повреда, но сето тоа сега заврши.

Всушност, паузата за Ол-Стар му дојде добро на Словенецот да биде целосно подготвен за следните предизвици, а тоа го потврди и тренерот на Лејкерси Џеј Џеј Редик.

Овие пет-шест дена пауза за Ол-Стар добро му влијаеа. Неговата минутажа ќе биде поголема во следниот натпревар. Мислам дека нема да има никакви ограничувања во продолжението на сезоната – рече Редик.

Следува тоа што го чекаше целиот свет, дуелот со Шарлот, а потоа и натпреварот на Лејкерс против Далас.

Знаејќи ја природата на Лука, тој живее за овој натпревар и сака да им покаже на Маверс дека направиле голема грешка.

Останува да го чекаме спектаклот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама не ги крие амбициите по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спа…