Дома Останати Кошарка Дончиќ се појави на Евробаскетот, па покажа колку знае фудбал (Видео)

Дончиќ се појави на Евробаскетот, па покажа колку знае фудбал (Видео)

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс и член на словенечката репрезентација, Лука Дончиќ, е познат по своите многубројни вештини, а еден од нив е и фудбалот.

Додека словенечките кошаркари ги завршуваа последните подготовки пред настапот на Евробаскетот, вклучувајќи и професионално фотографирање на играчите, Дончиќ реши пред камерите да покаже дека кошарката не е единствената област во која е извонреден.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, словенечкиот репрезентативец за време на фотографирањето зеде фудбалска топка со која жонглираше, а во еден момент дури изведе и потег кој популарно се нарекува “Around the World”.

Ова не е првпат Дончиќ да биде во слична ситуација, бидејќи публиката често можеше да ужива во егзибиции кои Дончиќ ги изведуваше како со кошарка, така и со други реквизити.

Да потсетиме, словенечките кошаркари утре во 20:30 часот ќе го имаат својот прв меч на Евробаскетот во арената Сподек во Катовице, каде што ќе се соочат со репрезентацијата на домаќинот – Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама не ги крие амбициите по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спа…