Дома Останати Кошарка Дончиќ не штеди, потроши 340.000 евра за соиграчите!

Дончиќ не штеди, потроши 340.000 евра за соиграчите!

Лука Дончиќ уште еднаш ја презеде улогата на Дедо Мраз, покажувајќи зошто е еден од најомилените кошаркари насекаде каде што игра.
Лука Дончиќ уште еднаш ја презеде улогата на Дедо Мраз, покажувајќи зошто е еден од најомилените кошаркари насекаде каде што игра.

Словенечката суперѕвезда е позната по својата великодушност, постојано дарувајќи ги своите соиграчи, тренерите, како и многу други членови на клупската организација кои не се толку во фокусот. Божик е време за подароци, а Дончиќ ја следи оваа традиција со години.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Оваа година не беше исклучок, но овој пат Лука отиде чекор подалеку. Тој на сите во организацијата на Los Angeles Lakers им подари вкупно 103 подароци. И ако некој помисли дека се работи за симболични поклони, сигурно е во заблуда.

Еден од главните кандидати за MVP наградата оваа сезона им подари на своите соиграчи, тренерите и вработените во клубот електрични велосипеди, што го откри тренерот на Лейкерс, Џеј Џеј Редик.

Кога новинарите го запрашаа дали е вистина дека Дончиќ го дарувал целиот тим, Редик потврди и објасни како секој добил електричен велосипед.

“Вистина е. Подароци добија сите, мислам дека беа вкупно 103. Добивме навистина квалитетни електрични велосипеди. Едвај чекам да се повозам крај брегот. Ова беше навистина убав гест и сите беа воодушевени”, рече Редик.

Тренерот на Лейкерс се осврна и на хуманитарната работа на Дончиќ. Како што нагласи, Лука непосредно по доаѓањето во Лос Анџелес донираше значајни средства на жртвите од пожарите, а слични гестови прави и на други места каде што игра.

“Го видовме тоа и минатата сезона, начинот на кој реагираше по пожарите. Тоа е едноставно тој. Секогаш помага, без оглед на тоа каде бил и на која заедница и припаѓал. Не е поинаку ниту во Лос Анџелес, ниту сега како дел од нашиот тим. Пред неколку месеци овозможи на сите да возат Порше. Неговите дела се навистина извонредни”, заклучи Редик.

Инаку, електричните велосипеди се модел All Wheel Drive од марката Pedal Electric, а нивната цена е околу 3.300 евра, што значи дека Лука Дончиќ на овие подароци потроши 340.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Никси го освоија НБА купот, прв трофеј од 1973-та. Еве колку заработија играчите

Кошаркарите на Њу Јорк Никс го освоија НБА купот. Тимот од Њујорк ги совлада Сан Антонио С…